ПОЧНУВА НОВИОТ ФОРМАТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ СО 36 ЕКИПИ, МАКЕДОНИЈА СО ЧЕТВОРИЦА ФУДБАЛЕРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четворица македонски фудбалери ќе играат во новата сезона на Лигата на шампионите, која почнува вечерва и првпат има 36 учесници, сите сместени во една група. Според новиот формат, секоја екипа во првата фаза ќе одигра по осум натпревари против различни противници. Финалето е на 31 мај 2015 на „Алијанц арена“ во Минхен.

Динамо Загреб ќе игра во ЛШ со двајца поранешни македонски репрезентативци во своите редови: Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Адеми се ближи кон бројката од 100 настапи во европските натпреварувања, додека Ристовски има настапувано во ЛШ и со Спортинг Лисабон.

И Елиф Елмас со втор клуб ќе игра во елитното европско клупско натпреварување: дебитираше со Наполи, а сега ги брани боите на РБ Лајпциг.

Бојан Миовски (фото) доби можност да игра во ЛШ откако во август се пресели од Абердин во Џирона за 6,5 милиони фунти, што е рекорден трансфер за шкотскиот клуб. Џирона беше една од најубавите приказни во европскиот фудбал минатата сезона, откако заврши на третото место во шпанското првенство, зад Барселона и Реал Мадрид. Џирона ќе го има дебито во ЛШ утре (18 септември) против ПСЖ.

(Фото: Џирона)