Полскиот модел Гошиа Гузовска заедно со уште две интернационални манекенки ќе ја промовираат најголемата македонска винарија „Тиквеш“ на домашниот и светскиот пазар, соопшти компанијата. Фотосесијата била направена во уникатниот амбиент на винскиот подрум на „Тиквеш“.
Од компанијата велат дека фотографиите се со вечната тема ‘спојот на виното и убавината‘ и ќе бидат користени за промотивните потреби на винаријата на меѓународните пазари, но и за едиторијали во светските модни изданија.
Гузовска има светска манекенска кариера и работи за модни брендови како „Викторија‘с сикрет“, „Долче и Габана“ и „Живенши“ и други. Според упатените модни медиуми, вреди над пет милиони евра. Таа е и меѓу топ инфлуенсерките во Полска со најголем број следбеници на Инстаграм и сопственичка на дизајнерска линија на златен накит.