ПОПУСТИ ОД 20 ДО 70 ОТСТО НА ЗИМСКИОТ ФЕСТИВАЛ НА КНИГАТА ВО „ТРИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во книжарниците на Издавачкиот центар „Три“ почна Зимскиот фестивал на книгата, на кој над 1.000 изданија имаат фестивалски попуст од 20 до 70 отсто.

„Освен богатата книжевна понуда, Фестивалот ќе го одбележат и промоции на многу нови атрактивни изданија, меѓу кои новиот роман на Винка Саздова, ‘Вилино’, крајот на серијалот Милениум, ‘Девојката што сакаше да умре, и две нови верзии на ‘Планум’. Предвидени се и средби со автори, книжевни разговори и наградни игри, како и дополнителни поволности за членовите на Клубот на читатели на ‘Три’“, најавува издавачката куќа.