Европската ракета „Аријане 5“ утрово ја комплетираше својата 100. мисија. Лансирана од базата во Француска Гвајана, таа однесе два големи сателити во орбитата.

Иако нејзината првична цел била да лансира европски спејс шатл, ракетата во меѓувреме беше пренаменета да ги крева најтешките вселенски телекомуникациски објекти и во таа област доминира со години.

Ракетата наскоро ќе биде заменета со нов модел, „Аријане 6“, која треба да дебитира во средината на наредната деценија.

„‘Аријане 5‘ се покажа како голем успех и нејзината мисија сè уште не е завршена. Таа ќе биде оперативна уште барем пет-шест години. Иако ова беше нејзиниот стоти лет, продолжуваме да ја унапредуваме. Со секој нареден лет, таа носи сè потежок товар“, вели Ален Шармо, кој го води производителот на ракети „Аријане груп“.

„Аријане 5“ го имаше својот прв лет во јуни 1996 година и со исклучок на еден неуспех од 2003, таа остана симбол на прецизност и доверба.