ПОВТОРНО НАД 100 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, СЕДУМ ЛИЦА ПОЧИНАА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Бројот на новозаразени со коронавирусот во Македонија е повторно поголем од 100, додека починаа уште седум лица.

  • Министерството за здравство извести дека од последиците на коронавирусот починаа три лица од Скопје на возраст од 54, 77 и 79 години, 46-годишна пациентка од Тетово, две лица од Струга (66 и 73 години) и 87-годишен штипјанец.
  • КОВИД-19 досега однесе 164 животи во Македонија.
  • Во изминатите 24 часа се регистрирани 125 нови случаи на коронавирус (од 1.019 тестирања), 38 повеќе во однос на вчера.
  • Речиси две третини од нив се во Скопје (89), па следува Тетово со 11.
  • Во Македонија досега има 3.364 заразени лица, од кои 1.664 оздравеле.
  • Бројката активни случаи порасна 1.536.