ФЕСТИВАЛОТ КОАЧЕЛА СЕПАК НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ ОВАА ГОДИНА

Лос Анџелес, (АП)

Прославениот музички и уметнички фестивал Коачела и дефинитивно нема да се одржи оваа година поради коронавирусот.

Здравствените власти на областа Риверсајд потпишаа наредба за откажување на фестивалот, изразувајќи загриженост од можно ново ширење на вирусот наесен. Коачела традиционално се одржува во април во калифорнискиот град Индио, но организаторите го одложија за октомври.

„Не би ни било пријатно да го дозволиме одржувањето на фестивалот во услови кога постои можност за влошување на пандемијата подоцна оваа година“, изјавија здравствените власти.

На овој фестивал пред три години се снимани сцени од филмот „Ѕвезда е родена“ со Леди Гага и Бредли Купер.

Ова следува откако беше потврдено дека САД ја надминаа бројката од два милиона случаи на коронавирус.