Австралија идентификуваше 113 животински видови на кои им треба итна помош откако беа тешко погодени од неколкумесечните пожари.

Добрата вест е, вели владата, што ниеден вид не исчезнал целосно во пожарите, кои пустошеа во јужниот и источниот дел на земјата од септември. Но, речиси сите видови на листата изгубиле 30% од нивните природни живеалишта.

Коали, валабија, исто како и видови риби, птици и жаби се меѓу оние кои најмногу требаат помош, велат експерти. Тие претходно проценија дека во пожарите можеби умреле над една милијарда животни.

Посебна комисија заклучи дека некои високо загрозени видови се соочуваат со голем ризик од исчезнување бидејќи речиси сите нивни живеалишта се уништени. Други видови, како коали, загубија значителни секции од свои живеалишта и потребна е итна интервенција за да се помогне нивно заздравување.

Проценките на штетата на растенијата и инсектите ќе бидат објавени во друг извештај.

Минатиот месец, австралиската влада објави дека ќе вложи 33 милиони долари во обновата на дивиот свет.