„ПР БАР“ – ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Академијата за маркетинг и ПР „Creative Hub“ утре во „Парк хотел и спа“ во Скопје ќе ја организира првата конференција за ПР индустријата. Под мотото „ПР бар“, настанот ќе трае од 18 часот до 21 часот.

Конференцијата ќе биде поделена на два дела, при што темата на првиот панел ќе биде „ПР и медиуми“, а во вториот дел ќе се дискутира за „Кризен ПР менаџмент“. Публиката, исто така, ќе има можност да се вклучи во дискусијата, во која учество ќе земат 12 новинари и експерти од областа на маркетинг и односи со јавност.

„Ќе ни биде чест да имаме маркетинг и ПР професионалци од сите сфери како гости, бидејќи настанот е замислен како неформално дружење на луѓето од таа фела”, вели Аријана Коскарова, раководител на Академијата.

Картите за настанот се продаваат по цена од 799 денари.