ПРЕМИЕРОТ НАРЕДИ СИДНЕЈСКАТА ОПЕРА ДА СТАНЕ БИЛБОРД НА ЕДЕН ДЕН

Сиднеј, (Би-Би-Си)

Сиднејската опера, која се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, на еден ден ќе се претвори во голем билборд, одлука која наиде на жестоки критики во Австралија.

По наредба од премиерот на Нов Јужен Велс, на една од најпознатите згради на светот утре ќе се појави светлечка реклама за популарна коњичка трка, што е спротивно на правилата на операта. Но, одлуката беше поддржана и од премиерот Скот Морисон, кој вели дека тоа ќе има позитивен ефект врз економијата и туризмот.

Од петокот, повеќе од 150.000 луѓе потпишаа петиција, повикувајќи оперската куќа да биде заштитена.

Сиднејската опера, отворена во 1973 година, е прогласена за ремек-дело на светската архитектура на 20. век од страна на Обединетите нации, а во 2007 година беше ставена и на листата на УНЕСКО.

Минатата недела, бордот на операта гласаше против рекламата за трката „Еверест кап“, заклучувајќи дека тоа е несоодветна комерцијализација. Одлуката беше поништена од регионалниот премиер, кој одобри десетминутна проекција.