Секојдневната навика за пиво може да изгледа безопасна, но може да доведе до дехидрација, и постојано чуство на жед. „Алкохолот е диуретик, што значи дека предизивикува губење на течности и може да доведе до дехидрација“, вели Маси.
Прекумерното присуство на алкохол во организмот може да направи на инфекција, предупредува Маси.
Според Националниот институт за здравје на САД, прекумерното внесување алкохол може да доведе до воспаление на црниот дроб, замастен црн дроб и цироза со текот на времето.
Иако пивото првично може да нѐ направи поспани, истражувањата велат дека дека алкохолот го попречува квалитетот на сонот, што доведува до чести будења и недостаток на одмор.
Алкохолот дехидрира, а хроничната дехидрација може да доведе до сува кожа. Дополнително, алкохолот ги шири крвните садови, што може да резултира со црвенило на лицето и скршени капилари.
Редовното пиење пиво може да влијае на нивото на шеќер во крвта, што доведува до потенцијални проблеми како отпорност на инсулин и зголемен ризик од дијабетес тип 2. Тоа е затоа што содржината на шеќер во некои сорти на пиво, заедно со ефектите на алкохолот врз регулацијата на инсулинот, може да ја наруши способноста на нашето тело ефикасно да управува со шеќерот во крвта.
Според Националниот институт за рак, секојдневното консумирање пиво го зголемува ризикот од одредени видови на рак, вклучително и рак на устата, грлото и хранопроводникот. Етанолот во пивото може да ги оштети клетките што ги обложуваат овие области, зголемувајќи го ризикот за заболување од рак.