ПОДЕЛЕНИ МИСЛЕЊА ЗА ИЗГЛЕДОТ НА МОНИКА БЕЛУЧИ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО РИМ

Рим, (Дејли мејл)

Моника Белучи беше придружувана од партнерот Тим Бартон на црвениот тепих за премиерата на филмот за Мариа Калас, на Филмскиот фестивал во Рим во петокот.

Италијанската актерка (59) ја игра суперѕвездата на операта Марија Калас во филмот, пред Анџелина Џоли да ја преземе улогата во нејзиниот ривалски филм.

Многу фанови сега се поделени во мислењата кога станува збор за изгледот на италијанската дива.

Имено, Белучи прошетала во многу високи потпетици кои многу жени не би можеле да ги носат, па многумина  коментираат оти Белучи сакала да изгледа повисоко и со нив да ја издолжи својата фигура. Покрај тоа, поради кројот на елегантниот долг фустан, актерката чекорела подгрбавено. Некои тврдат дека Моника очајно се обидува да изгледа помладо.

Моника Белучи на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Рим. (Фото: Профимедиа)

 

Белучи и режисерот Тим ​​Бартон се запознале пред 16 години, но извори блиски до нив тврдат дека љубовта се разгорела кога се запознале на филмскиот фестивал Лимиер во Лион. Белучи потоа му ја додели наградата за животно дело Лимиер на славниот режисер.

Нејзината најпозната љубовна врска беше со францускиот актер Винсент Касел, со кого се омажи во 1999 година по три години врска. Моника и Винсент заедно снимија девет филмови и имаат две ќерки Дева и Леони, а се разведоа во 2013 година.