ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМ ЗА „РОЗЕВАТА РЕВОЛУЦИЈА“ ВО ХОЛАНДИЈА ВО СКОПСКОТО КАФУЛЕ „ШОРТБАС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По повод Светскиот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, што се одбележува утре, вечерва во скопското кафуле „Шортбас“ ќе се прикаже холандскиот документарен филм „Споменик на гордоста“ (2017).

Во режија на Себастијан Кес, филмот ја раскажува нецензурираната приказна за „розевата револуција“ во Холандија и е снимен во чест на 30-годишнината од отворањето на меморијалниот споменик „Хомомонумент“, посветен на сите прогонувани хомосексуалци во земјата. На проекцијата, што почнува во 19 часот, ќе гостува и режисерот Кес.

Настанот го организира ЛГБТИ Центарот за поддршка, во соработка со амбасадата на Холандија во Скопје.