ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА АУДИОДРАМИ ОД ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (22 декември) од 19 часот, во Европска куќа во Скопје ќе се одржи промоцијата на „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“.

На платформата за аудиокниги „Самоглас“ додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“. Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите како еден речиси заборавен медиум.

На аудиодрамите работеа актери и режисери кои дадоа нови решенија за драмите на Горан Стефановски. Во воведните делови на аудиодрамите гласот го позајми Игор Стефановски, кој преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права.

Фото: Приватна архива