Девет од десет новокупени автомобили во Норвешка минатата година биле целосно електрични, велат официјални податоци, со што земјата се ближи кон својата цел да додава само електрични возила на патиштата до крајот на 2025.
Целосно електрични возила имале удел од 88,9% во купувањето нови возила лани, што е пораст од седум отсто во споредба со 2023. Најпродаваните брендови биле „Тесла“, „Фолксваген“ и „Тојота“.
„Норвешка ќе биде првата држава во светот која ќе ги исфрли бензинските и дизелските автомобили од пазарот на нови автомобили“, изјави Кристина Бу, шефицата на Норвешкото здружение за електрични возила.
(Фото: АФП)