РЕДОК ПОРТОКАЛОВ МАЈМУН СЕ РОДИ ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СИДНЕЈ

Сиднеј, (АФП)

Во зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј минатата недела се роди еден од најретките видови мајмуни – со портокалово крзно. Мајмунчето е машко, но сѐ уште нема име.

Наречен Francois’ Langurs, овој мајмун е загрозен вид и живее само во Кина и Виетнам, каде што е мета на ловокрадци, а под закана се и неговите живеалишта. Од Зоолошката претпоставуваат дека има уште 3.000 мајмуни од овој вид во дивина.

Фото: АФП

„Реткост е да се види ваков вид мајмун во дивина, а уште поретко е да се види бебе“, вели зоо-негувателката Џејн Маршал.

Портокаловото крзно на бебето постепено ќе потемни и ќе добие боја како крзното на неговата мајка Ноел.

„Ретко кој знае за Francois’ Langurs како вид, но овие прекрасни животни се многу агилни и интелигентни“, вели Маршал.