РОДОЉУБ АНАСТАСОВ ГО ИЗЛОЖУВА ЦИКЛУСОТ „ЧОВЕК И ПРОСТОР“ ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Самостојна изложба на еден од доајените на македонското сликарство Родољуб Анастасов ќе се отвори вечерва во 19 часот, во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ во Музеј на Град Скопје.

Насловена „Човек и простор“, изложбата ќе содржи 30-ина дела од еден од најпознатите и најобемни творечки циклуси на 83-годишниот Анастасов, изработени во различни техники (пастел на хартија, масло на платно, акварел, комбинирана техника).

Роден во Скопје, Анастасов дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград и долги години бил професор по сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до декември наредната година.