РОК БЕНДОТ „КИС“ ГИ ПРОДАДЕ ПЕСНИТЕ И ИМИЏОТ ЗА 300 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Стокхолм, (Би-Би-Си)

Легендарниот рок бенд „Кис“ ѝ го продаде својот музички каталог на шведската компанија „Попхаус ентертејнмент“ за околу 300 милиони долари. Таа исто така ги купи имиџот и брендот на групата, што следува откако таа минатата година ја заврши својата проштална светска турнеја и објави дека веќе нема да настапува.

Купувањето на целиот бренд „Кис“ ќе му овозможи на „Попхаус“ да создава содржини со вештачка интелигенција, како дигитални аватари на членовите на групата, како што направи со „АББА“.

Кис“ беше основан во 1973 од Пол Стенли и Џин Симонс и се прослави настапувајќи со обоени лица. Во 50-годишната кариера продаде повеќе од 100 милиони албуми.

Стенли и Симонс ќе продолжат да бидат вклучени во развојот на брендот и материјалите создадени со вештачка интелигенција.