РОЗОВА СУПЕРМЕСЕЧИНА ВИДЕНА НИЗ СВЕТОТ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Оваа година ќе има само две супермесечини и првата можеше да се набљудува ноќеска низ светот.

Стоунхенџ (Фото: Ројтерс)

Априлската, розова супермесечина изгледаше поголемо и посветло на ноќното небо поради тоа што помина на само 360.000 километри од Земјата. Таа е именувана според розови цвеќиња кои цутат во рана пролет низ САД и Канада.

Втората и последна супермесечина за 2021 ќе се случи на 26 мај.

Супермесечината снимена од скопското село ‘Ржаничино (Фото: Ѓ. Личовски)
Париз (Фото: Гети)
Рим (Фото: Гети)
Хавана (Фото: АФП)
Чонгкинг (Фото: Гети)