Белата куќа сака НАСА да создаде нова временска зона за Месечината, наречена Координирано лунарно време.
Поради различната сила на гравитационото поле на Месечината, времето таму поминува побрзо во однос на Земјата, за 58,7 микросекунди секој ден. Тоа можеби не изгледа многу, но би можело да има значително влијание при синхронизирањето на вселенски летала.
„Фундаменталната теорија за гравитацијата во нашиот универзум има важна последица дека времето тече различно на различни места во универзумот. Гравитацијата на Месечината е малку послаба и часовниците работат поинаку“, вели Кетрин Хејманс од Шкотското кралско астрономско друштво.
Времето на Земјата сега се мери со стотици атомски часовници стационирани низ нашата планета, кои ја мерат променливата енергетска состојба на атомите за да го снимат времето до наносекунда. Кога би биле поставени на Месечината, по повеќе од 50 години би оделе една секунда побрзо.
И Европската вселенска агенција веќе некое време развива нов временски систем за Месечината.
На Меѓународната вселенска станица се користи Координирано универзално време зашто таа е во ниска орбита.
Фото: Ѓ. ЛИЧОВСКИ