Од 15 до 21 ноември, во Кинотеката во Скопје ќе се одржува Недела на шпански филм, во организација на Амбасадата на Шпанија. Ќе бидат прикажани седум шпански филма.
Отворањето е в среда од 20 часот со филмот „Крави“ од 2018 година. В четврток од 20 часот игра филмот „Мама полни сто години“, па следуваат „Теза за едно убиство“ (петок), „Ел Бола“ (сабота) и „Седум маси за билијард“ (недела), сите од 20 часот.
На 20 ноември ќе биде прикажан филмот „Џинот“ од 18 часот, а „Елиза, љубов моја“ игра од 20 часот. На отворањето на фестивалот ќе се служи шпанско вино.
Филмовите се титлувани на македонски и на англиски јазик. Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број места, резервации се прават во Кинотеката и на [email protected].
(Фото: Филмот „Џинот“ игра в понеделник од 18 часот)