СЕДУМ НАЈНЕЗДРАВИ НАМИРНИЦИ ЗА ПОЈАДОК КОИ НЕ СЕ ХРАНЛИВИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ако се обидуваме да намалиме вишок килограми, освен редовното вежбање, еднакво важна е и храната што ја јадеме. Покрај оние намирници кои ни помагаат да останеме сити подолго време и на тој начин полесно да се ослободиме од несаканите килограми, нутриционистите велат дека постојат и намирници кои треба да се избегнуваат за појадок.

Дел од намирниците поради својот состав го саботираат слабеењето и придонесуваат за таложење на вишокот килограми, без воопшто да сме свесни за тоа, пишува магазинот за исхрана „Ит дис“.

Според нутриционистите, треба да се избгенуваат печива, бел леб, готови овесни снегулки, колачи, крофни, палачинки и вафли.

Како што објаснуваат стручњаците, се работи за сите намирници кои примарно содржат големи количества јаглехидрати и рафинирани шеќери, кои освен што придонесуваат за зголемување на телесната тежина бидејќи имаат многу калории, доведуваат и до прејадување подоцна во текот на денот. Овие намирници немаат хранлива вредност неопходна за нормално функционирање на телото.

(Фото: Шатерсток)