Дали организаторите на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг очекуваат најпромискуитетни Игри во модерната историја?

Тие почнуваат наредната недела, а организаторите објавија дека обезбедиле 110.000 кондоми за учесниците, што е 10.000 повеќе од количеството што беше поделено пред четири години во Сочи. Тоа е голема разлика, имајќи предвид дека во Пјонгчанг ќе има само стотина олимпијци повеќе во однос на претходните зимски игри.

Во Олимпиското село се очекува да има 2.925 спортисти од 90 земји, што значи дека секој од нив ќе добие по 37 кондоми. На располагање ќе имаат и контрацепциски средства.

Она што се случува во Олимпиското село останува во селото“, гласи познатата изјава на американската пливачка Дана Торес од ОИ 2012.

Кондомите првпат беа јавно поделени на олимпијци за време на Летната олимпијада во Сеул во 1988 година, за на последните ОИ во Рио де Жанеиро нивната бројка да изнесува 450.000. Тоа беше 42 кондоми по олимпиец.