СЕКСУАЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ВРАЌААТ НА РАБОТА НА 1 ЈУЛИ

Амстердам, (Гардијан)
A view of an empty street at the world famous red light district due to the coronavirus crisis. Normally more than 300 prostitutes offer their services at the Amsterdamse wallen. (Photo by Robin Utrecht / SOPA Images/Sipa USA)

Борделите во Холандија повторно ќе почнат со работа на 1 јули, откако три месеци беа затворени поради коронавирусот, објави владата.

„Одлуката се однесува на секоја работа која вклучува физички контакт“, кажа премиерот Ханс Руте.

Владата претходно планираше да ги отвори борделите дури на 1 септември.

Како и фризерите и масерите, кои веќе ги отворија своите салони, и сексуалните работнички се охрабруваат прво да потврдат дека нивните клиенти немаат симптоми на коронавирусот.

„Сите сме среќни со веста дека се враќаме на работа. Немаме веќе пари“, изјави Фелисија Ана, претседателката на синдикатот на сексуалните работнички во зоната на црвените фенери во Амстердам.