Шест лица починаа од КОВИД-19 во Македонија во последните 24 часа, но има и 42 излекувани пациенти.
- Две лица од Лабуништа, двајца пациенти од Куманово и по еден од Велес и Прилеп, сите над 59-годишна возраст, се последните жртви на коронавирусот во земјата, со што вкупната бројка порасна на 44.
- Излекувани се уште 42 пациенти, кои имале по два негативни теста, што е значително зголемување на оваа бројка, откако досега беа вкупно 44.
- Потврдени се и нови 44 случаи на коронавирус, најмногу во Куманово – 25, па следуваат Скопје со 13, Прилеп со 10, Велес со два и по еден во Штип, Гостивар, Тетово и Кичево, каде што за првпат е регистриран.
- Македонија со тоа ја надмина бројката од 900 заразени со коронавирус (908) и меѓу нив се и 122 здравствени работници.
- Светот се ближи кон бројката од два милиона заразени, од кои досега починале речиси 125.000.