Популацијата на пиринејскиот рис во Португалија и Шпанија се зголемила на над 1.000, откако 414 младенчиња се родиле во заедничката програма на размножување, која беше означена како голем чекор кон зачувувањето на овој загрозен вид, соопшти шпанското министерство за животна средина.

Иницијативата почна во 2002 откако бројот на овие диви мачки падна на 94 во Шпанија, додека ниеден примерок не остана во Португалија поради лов и сообраќајни несреќи.

До крајот на 2020 имало 1.111 пиринејски рисови во дивина, од кои 239 женки на возраст за размножување. Според министерството, ова е највисоката бројка од почетокот на проектот.

Во 2015, Меѓународната унија за зачувување на природата го класифицираше овој вид од загрозен во критично загрозен. Денес, податоците се охрабрувачки. За да ја изгуби ознаката критично загрозен, популацијата треба да надмине 3.000, од кои 750 да бидат женки. Тоа се очекува во 2040 година.