СИДНЕЈ ЈА ПРЕЧЕКА 2024 СО СПЕКТАКУЛАРЕН ОГНОМЕТ СО 8,5 ТОНИ ПИРОТЕХНИКА

Сиднеј, (Би-Би-Си)

Сиднеј го обележа доаѓањето на 2024 со спектакуларен огномет, при што беа испукани осум и пол тони пиротехника од Заливскиот мост и од Сиднејската опера. Шоуто, планирано 15 месеци, траеше 12 минути.

(Фото: Сиднеј морнинг хералд)

Луѓето почнаа да се собираат уште во утринските часови со цел да фатат што подобро место за гледање на огнометот. Се проценува дека над еден милион луѓе го гледале огнометот од самото место.

(Фото: Сиднеј морнинг хералд)

Првиот голем град на светот кој ја прослави Новата година беше Окленд во Нов Зеланд, каде што небото традиционално го осветли огномет од 328 метри високата Небесна Кула.

Окленд (Фото: АП)