СИТЕ НАД ШЕСТ ГОДИНИ ОД ДЕНЕСКА МОРА ДА НОСАТ МАСКА И НА ОТВОРЕНО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Набргу откако Македонија регистрираше рекордни 870 нови случаи на коронавирус, Собранието синоќа го усвои Законот за заштита од заразни болести, со што носењето маска од денеска станува задолжително и на отворено.

  • Сите над шестгодишна возраст ќе мора да носат маска и на отворено, мерка што ја донесоа и неколку други европски држави.
  • Маска не мора да се носи при спортување, возење во приватен автомобил и при престој во двор од семејна куќа.
  • Маска не мора да се носи и при седење во угостителски објект.
  • Од носење маска се ослободени лицата кои имаат специфична здравствена состојба.
  • Неносење маска ќе се казнува со 20 евра.
  • Со новите мерки се забранува групирање на јавен простор (паркови и други јавни површини) во одредени делови од деноноќието.