СИТЕ СЛАБОСТИ НА НАШИОТ ТАТКО СУПЕРМЕН ГИ ОТКРИВМЕ ВО ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ЗА НЕГО, ВЕЛАТ ДЕЦАТА НА КРИСТОФЕР РИВ

САД, (АП)

Децата на актерот Кристофер Рив велат дека направиле сѐ што можат да ги вклучат сите важни особини на нивниот татко, неговите силни и слаби страни, во новиот документарен филм „Супермен: Приказната за Кристофер Рив“, затоа што тој тоа би го сакал.

Филмот вклучува семејни домашни видеа, измешани со интервјуа и филмски видеа на Рив, кој славно го толкуваше Супермен во четири филма, покрај другите актерски и режисерски улоги подоцна во неговата кариера. Трите деца на Рив, Метју, Александра и Вил Рив, велат дека немало ограничувања за теми или видеа користени во приказната на нивниот татко.

Метју Рив, од лево, Александра Рив Гивенс и Вил Рив, децата на починатиот актер Кристофер Рив, на премиерата на документарецот за татко им во Њујорк (Фото: АП)

„Не би сакал да го гледаат низ розови очила. Тој би сакал уметничко и сеопфатно раскажување на приказните за него и тоа е она што го доби“, изјави за Асошиејтед прес најмладиот син на Рив, Вил. „Важно ни е да бидеме искрени, сурови и емотивни и да дадеме поглед од 360 степени за еден нормален човечки живот, за едно нормално семејство“.

Познат како Човекот од челик, Рив беше страствен спортист, морнар, скијач и коњаник. Тој за малку загина во несреќа по јавање во 1995, што го остави парализиран до крајот на својот живот. Тој ја искористи својата платформа за да стане застапник за лицата со попреченост, основајќи фондација во негово име.

Рив дури продолжи да глуми и го оствари својот животен сон да режира филм vво 1997. Почина во 2004 од срцева слабост на 52 години.