СИТЕ СМЕ ИСТИ, ВЕЛАТ ОД ИНКЛУЗИВНОТО ТАНЦОВО СТУДИО „ДЕНСЕРС ЈУНАЈТЕД“ ПО ЈУБИЛЕЈНАТА ПРЕТСТАВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Танцовото студио „Денсерс јунајтед“ по десетти пат ја одржа инклузивната претстава „Мјузикл“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост. На сцената на МНТ танцуваа, пееја и свиреа лица на возраст од 4 до 44 години.

„Претставата со инклузивни точки по хип-хоп, балет и латино танци ја истакна убавината на различноста и заедништвото. Преку танц, музика и емоции сцените ја раскажаа приказната за едно дете кое ги истражува животните фази, од раѓањето, првите пријателства и љубопитноста за светот до борбите со прифаќањето, откривањето на страста за танцот и соништата за иднината“, велат од танцовото студио.

Целта на овие претстави е да им покажат на сите учесници и гости дека не постојат бариери и дека сите сме исти.