Вечерва во 19 часот, во кафулето „Цреша“ ќе се одржи скопската промоција на книгата поезија на Бранко Николов, пејачот на „Фолтин“. Николов ја напиша книгата „Креветизам и хоризонтала“ под псевдонимот Пијан Славеј.
Промоцијата ќе биде проследена со свирка на „Фолтин“.
Книгата ја издава „Прозарт медиа“. Дизајнот на корицата е дело на Мирослав Масин.
Книгата првично беше промовирана во јуни во Битола.