СО РАНОТО ОТКРИВАЊЕ ПАЦИЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ИМААТ НОРМАЛЕН ЖИВОТ, КАЖАА НА ОСМАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ВИЛСОНОВА БОЛЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Под мотото „Подај рака“, денеска во Градски парк во Скопје се одржа осмата хуманитарна манифестација за поддршка на лицата со ретката Вилсонова болест во Македонија, што го организира здружението „Вилсон Македонија“. Настанот вклучи и неколку трки.

Главната порака што беше испратена од настанот е дека е најважно раното откривање на болеста за да им се овозможи на пациентите да имаат нормален живот.

Ни недостасува најважниот метод за следење на болеста, што е од големо значење за успешноста на лекувањето. И тоа е целта на овие акции, да допреме до надлежните. Сакаме пациентите со ретки болести да бидат видливи во законот“, изјави Маја Алексиевска-Димиќ, претседателка на здружението „Вилсон Македонија“.

Во државата има околу 70 лица со оваа болест.

Ова е болест која тешко се дијагностицира. И покрај тежината на болеста, добро е ако се препознае навреме, затоа што за неа има лек. Доколку тој се пие навремено и континуирано, болеста може да има нормален тек, а пациентите можат да имаат сосема нормален живот“, додаде таа.

(Фото: МИА)