ШЕСТ НАЈКРЕАТИВНО ДИЗАЈНИРАНИ УЧИЛИШТА ВО СВЕТОТ КОИ ГО ПОТТИКНУВААТ УЧЕЊЕТО КАЈ ДЕЦАТА

Данска, (Дезин)

По почетокот на новата учебна година, пребарувањата за училишни згради забележаа зголемување од 60 отсто на Пинтерест.

Материјали како челик, тули и бетон се користени за градење на овие училишта, кои архитектонските студија ги дизајнираа со покреативен изглед, со цел да го поттикнат учењето кај децата.

Основно училиште во Вресовице во Чешка е направено откако тим архитекти ги трансформираа старите црковни згради. Тие додадоа сини и жолти обложени конструкции и ги реновираа истрошените покриви на оригиналните згради.

Основно училиште во Вресовице (Фото: Пинтерест)

Основното училиште „Фучијанг“ во Кина е направено од Канцеларијата за народна архитектура, која го реструктурираше и го прошири ова сино-тиркизно училиште во Шенжен за да обезбеди повеќе капацитети за учениците.

Музичкото училиште „Артаве“ во Португалија (Фото: Пинтерест)

Студиото додаде нови училници и градини на покривот кои можат да се користат за дружење и учење.

Во училиштето „Таден“ во САД, архитектонски тим дизајнираше група на асиметрични, аголни згради за овој објект во Арканзас.

Во музичкото училиште „Артаве“ во Португалија се споени два блока училници со светложолта екстензија и кула со скали. Внатре, ѕидовите се обоени во светлопортокалова и црвена боја.

Монолитни бетонски форми го прават музичкото училиште во Бресаноне, Италија. Училиштето има три ката и подрум. Фасадата е направена од црвен бетон.

Основното училиште „Беледен“ во Британија (Фото: Пинтерест)

Основното училиште „Беледен“ во Велика Британија е направено од сиви тули и светложолт поликарбонат. Зградите се направени во форма на буквата У за да се оградат неколку области за играње.