СОПРУГАТА НА ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ДОНИРАШЕ 50 КНИГИ ОД ПОЛСКИ АВТОРИ ЗА ВЕЛЕШКАТА БИБЛИОТЕКА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Јоланда Гжелчик, сопругата на полскиот амбасадор во Македонија Кшиштоф Гжелчик, донираше 50 книги за градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес, сите од полски автори, преведени на македонски јазик.

Гжелчик е координаторка на проектот „Полска на полица“, со кој полската литература им се приближува на читателите во Македонија преку донации на дела од полски автори преведени на македонски јазик.

Гжелчик го посети и Народниот музеј Велес, при што кустусот Елица Николова ја запозна со животот на велешани низ вековите, историјата на градот и со неговите познати личности.

П. ПЕЧКОВ