Средношколката Ана Котевска победи на Интернационалната олимпијада по германски јазик „ИДО 2024“ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.
Котевска е ученичка во германската паралелка во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“, а освои златен медал во категоријата Б2 ниво. Првото место (јазични нивоа А2, Б1 и Б2) го подели со натпреварувачи од Бангладеш и Узбекистан.
На оваа Олимпијада учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Менторка на Котевска е Кристина Клиафа-Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија. Олимпијадата се реализираше во соработка со Гете институтот.