Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје денеска слави 75 години од основањето.

Вечерва во 21 часот, во Државното училиште за ликовни уметности и дизајн ќе се организира изложба на ученички творби, изложба на дела од професори од училиштето, како и модна ревија на ученички креации од одделот за дизајн на текстил, под раководство на професорката Лира Грабул и Раде Василев како надворешен соработник.

Прославата ќе продолжи со музички хепенинг со групата „Деј оф“.