СТАДИОНОТ НА БАРСЕЛОНА ОТСЕГА ЌЕ СЕ ВИКА „СПОТИФАЈ КАМП НОУ“

Барселона, (Би-Би-Си)

Стадионот на Барселона ќе биде преименуван во „Спотифај Камп ноу“ откако шпанскиот клуб потпиша повеќегодишен партнерски договор со музичкиот стриминг гигант. Неговото важење ќе почне во јули.

Тоа ќе биде првпат во името на стадионот на Барселона да биде вклучено и името на спонзор. Според локалните медиуми, вредноста на договорот изнесува 280 милиони евра.

„Ова е прв ваков договор за клубот и ова партнерство ќе ги спои музиката и фудбалот“, соопшти Барселона.

Шведската компанија кажа дека нејзиното име ќе стои и на предната страна на дресовите на машката и женската екипа. Основачот на „Спотифај“, Даниел Ек, лани се обиде да го купи Арсенал, но неговата понуда беше одбиена.