„СТАРБАКС“ ГО ОТВОРИ ПРВОТО КАФУЛЕ СО ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ВО САД

Вашингтон, (АФП)

Американскиот гигант „Старбакс“ го отвори своето прво кафуле со знаковен јазик во САД, во близина на универзитетот Галодет во Вашингтон, единствениот факултет на светот кадешто наставната програма е специјално подготвена за луѓето со оштетен слух.

Повеќето од вработените во кафулето се со оштетен слух или имаат проблеми во слухот, но сите мора да комуницираат со муштериите со знаковен јазик.

Претходно, ваков локал беше отворен во Куала Лумпур (Малезија) во 2016 година,

„Кога одам во стандарден ‘Старбакс‘ и кога разговарам со луѓето, се надевам дека ако говорам полека, ќе ме разберат или, пак, им ја покажувам мојата нарачка на мобилниот телефон. Овдека, моето име се појавува на екран, што многу ми се допаѓа бидејќи нема да ја пропуштам нарачката“, изјави студентката Ребека Витѕовски.