Статуата на Исус Христос Искупителот, едно од обележјата на Рио де Жанеиро, осамна осветлена во знамињата на сите држави во кои што досега е регистриран коронавирус.
На огромната статуа, која со своите 709 метри се извишува над Рио, во средата на повеќе јазици беше проектирана пораката „Молете се заедно“.
Пред неколку дена, бразилската влада донесе одлука за затворање на статуата за посетители на најмалку една недела. Таа е една од најпопуларните туристички дестинации во Бразил.
Прв случај на коронавирус во Бразил беше регистриран на 26 февруари и бројката заразени во меѓувреме порасна на повеќе од 650, а седум луѓе починале.