Стендап комичарот Маријан Георгиевски со настапот во Струмица на 21 октомври ќе ја започне турнејата низ Македонија насловена „За Македонските работи”. Тој вели дека се потврдени 15 градови, а можеби ќе бидат и повеќе.
На 26 октомври тој настапува во Прилеп, пет дена подоцна во Кумановo, на 2 ноември е во Штип, па следуваат Кавадарци, Кичево, Скопје, Охрид, Велес и Гевгелија. Турнејата завршува на 4 декември во Битола.
Билетите се продаваат преку продажната мрежа на kupikarta.com.
„Подготвен сум како никогаш досега. Можам да ветам дека публиката ќе ужива и ќе се смее од срце”, вели Георгиевски.