„Мое тело, мои правила” е насловот на хуманитарната изложба, која денеска е отворена на веб страницата на Студентската организација Магнум Опус при АУЕ ФОН Универзитет. Изложбата е од отворен карактер и линиите за донации ќе бидат отворени две недели. Со собраните средства ќе бидат купени лаптопи за децата кои се оневозможени да следат онлајн настава.

„Многу чест проблем во денешното општество е осудата со која се соочуваат луѓето во врска со нивниот изглед. Тоа става етикета на една личност и поставува стандарди што никогаш не се задоволуваат. Нашата најважна порака е: ‘Имам право да изберам што можам да направам со моето тело’“, велат од Студентската организација, на чело со Катерина Селамовска.

Заштитни лица на изложбата се Мухамед Енуз и Тијана Тиа.