СУДОТ ВО ЕКВАДОР ПРЕСУДИ ДЕКА ЗАГАДУВАЊЕТО ГИ ПРЕКРШУВА ПРАВАТА НА РЕКАТА КОЈА МИНУВА НИЗ ГЛАВНИОТ ГРАД КИТО

Кито, (Јуроњуз)

Еквадорски суд донесе необична пресуда дека загадувањето ги прекршува правата на реката која поминува низ главниот град Кито. Градските власти вложија жалба на пресудата, која е заснована врз член од еквадорскиот устав кој ги признава правата на природните содржини како што е реката Мачанхара.

Активистите кои ја поднесоа тужбата ја опишаа пресудата како историска.

Ова е историски, зашто реката поминува низ Кито и поради нејзиното значење, луѓето живеат многу блиску до неа“, изјави Дарио Иса, чија група „Киту Кара“ поднесе тужба во името на реката.

Судот пресуди дека владата мора да направи план за чистење на Мачанхара.

Градот со 2,6 милиони жители исфрла секаков вид отпад и загадувачи во реката, која извира во Андите. Просечното ниво на кислород во реката е само 2%, поради што водениот свет тешко преживува.

Еквадор е една од ретките држави која ги признава правата на природните содржини, кои притоа не смеат да бидат деградирани или загадувани.

(Фото: Гети)