СУПЕРБОУЛОТ ВО НЕДЕЛАТА БИЛ НАЈГЛЕДАНИОТ ТВ-ПРЕНОС ВО САД ОД СЛЕТУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНАТА ВО 1969

Њујорк, (Би-Би-Си)

Годинашниот Супербоул бил најгледаниот ТВ-пренос во САД од слетувањето на Месечината во 1969 година. Мечот помеѓу Канзас Сити Чифс и Сан Франциско 49ерс во просек го гледале 123,4 милиони луѓе, додека историското слетување на „Аполо 11“ било следено од 125-150 милиони Американци.

Се верува дека присуството на поп-ѕвездата Тејлор Свифт на трибините во Лас Вегас придонело за рекордната гледаност на Супербоулот, на кој славеше Канзас Сити, тимот на нејзиното момче Тревор Келси. Пред мечот имаше доста шпекулации дали таа ќе успее да стигне навреме, имајќи предвид дека ден претходно имаше концерт во Токио.

Една анкета покажа дека 20% од гледачите на Супербоулот навивале за Чифс само поради врската на Свифт со Келси.

Според медиумскиот аналитичар „Нилсен“, рекордни 202,4 милиони луѓе гледале барем еден дел од мечот. Ланскиот Супербоул имал 115,1 милион гледачи.

(Фото: АП)