СВЕТОТ Ѝ ПОСАКА ДОБРЕДОЈДЕ НА 2024 СО ОГНОМЕТИ И СВЕТЛОСНИ ЕФЕКТИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од Кирибати до островот Бејкер во Тихиот Океан, светот ѝ посака добредојде на 2024 година.

Њујорк (Фото: АП)

Бидејќи има 39 различни временски зони, на целата планета ѝ требаат 26 часа за да влезе во новата година, од кои последното населено место е Американска Самоа. Ненаселениот остров Бејкер, оддалечен 2.169 километри од Кирибати, е последното место воопшто каде што доаѓа новата година.

Дубаи (Фото: АП)

Илјадници луѓе се собраа пред главните обележја во големите градови за да ја пречекаат 2024 година, што најчесто беше проследено со спектакуларни огномети и визуелни ефекти.

Сиднеј (Фото: АП)
Белград (Фото: Гети)
Минхен (Фото: Гети)
Атина (Фото: АП)
Мумбај (Фото: АП)
Улсан, Јужна Кореја (Фото: Гети)
Париз (Фото: АП)