Од денеска (15 ноември) до 17 ноември, во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржуваат меѓународните танцови натпревари „Денс мастерс“ и „Македонија опен“. Натпреварите денеска почнуваат во 12 часот со модерни и спортски танци.
Утре од девет до 22 часот ќе се играат стандардни и латиноамерикански танци, а ќе се натпреваруваат деца и млади од повеќе возрасти. В недела од осум часот ќе се играат стандардни, латиноамерикански и спортски танци, а во 19:30 часот почнува гала вечерта со латиноамерикански и спортски танци кои ќе се играат соло и во тимови.
Ќе се натпреваруваат танчари од 30 земји. Билетите чинат 300 денари.