Тату артисти од Македонија и од странство ќе учествуваат на „Скопје тату шоу“, дводневен настан кој ќе се одржи на 26 и 27 август во хотел „Парк“.
Настанот има натпреварувачки карактер, а ќе се доделат награди за најдобрите тетоважи во повеќе категории.
„Тетовирањето еволуираше од ниска форма на самоизразување до глобално призната форма на уметност која ги надминува границите. Посетителите ќе можат да видат како работат овие тату мајстори и доколку имаат желба да се тетовираат“, најавува организаторот.
Ќе има и музичка програма, диџеј сетови, како и изложба и предавање.