ТЕЈЛОР СВИФТ ПРВПАТ СНИМЕНА СО НОВОТО МОМЧЕ, ВИДЕОТО ОД ЧЕТИРИ СЕКУНДИ ПРЕГЛЕДАНО НАД 15 МИЛИОНИ ПАТИ ЗА 24 ЧАСА

Канзас, (Би-Би-Си)

Американскиот новинар Џерет Пејтон, кој го сними првото јавно појавување на Тејлор Свифт со новото момче, кажа дека ги имал најлудите 24 часа во неговиот живот. Пејтон ја сними Свифт како заминува од НФЛ натпревар во Канзас заедно со една од најголемите ѕвезди во овој спорт, Тревис Келси.

Клипот од четири секунди, објавен на профилот на Пејтон на Икс, бил прегледан над 15 милиони пати за 24 часа.

„Бев на вистинското место во вистинското време. Ова беа најлудите 24 часа во мојот живот“, изјави Пејтон.

Свифт го следеше мечот Канзас-Чикаго од ложата на стадионот „Ероухед“, заедно со мајката на Келси. Пејтон ги снимил Свифт и Келси додека чекал пред соблекувалната на домашниот тим.

„Почнав да снимам со мојот ‘ајфон‘ и тие поминаа покрај мене секунда и пол подоцна. Свифт ме поздрави со лежерно ‘еј‘ и ме остави без зборови“, изјави Пејтон, кој работи за една телевизија од Чикаго.

Досегашните познати момчиња на Свифт главно беа Британци, како актерите Том Хидлстон и Џо Алвин и пејачот Хари Стајлс.

(Фото: Гети)