ТЕЛЕСКОП ГИ НАПРАВИ НАЈДЕТАЉНИТЕ СНИМКИ ОД ПОВРШИНАТА НА СОНЦЕТО ДОСЕГА

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)

Новиот соларен телескоп на Националната научна фондација (НСФ), сместен на Хаваи, ги направи најдетаљните снимки од турбулентната површина на Сонцето досега, кои покажуваат дека таа е покриена со клетки со „големина на Тексас“.

Снимките покажуваат шаблон на зовриена плазма која го покрива Сонцето и според НСФ, секоја од прикажаните структури е голема колку Тексас. Тие се знаци на насилни движења, кои ја пренесуваат топлината од внатрешноста на Сонцето кон неговата површина. Овој процес е познат под името конвекција.

Внатрешната атмосфера на Сонцето или корона е далеку потопла од неговата површина, односно еден милион наспроти 6.000 Целзиусови степени.

Снимките се направени со телескопот „Даниел К. Инује“, кој е најголем соларен телескоп на светот. Тој комбинира четириметарско огледало со совршени услови за набљудување од врвот на планината Халекала на Хаваи.

Научниците веруваат дека овие снимки ќе им помогнат подобро да ја разберат активноста на Сонцето, позната под името вселенско време и неговото влијание врз Земјата.