БЛИЗНАЦИТЕ ПИТ И ПОЛ СЕ НОВИ ЅВЕЗДИ НА БЕРЛИНСКАТА ЗООЛОШКА

Берлин, (АП)

Пандите близнаци Пит и Пол се новите ѕвезди на Зоолошката градина во Берлин, откако неделава за првпат беа претставени пред јавноста.

Зоо негувателите го подготвија нивното живеалиште со заштитно стакло, за да не се случи петмесечните близнаци да бидат повредени од посетителите.

Фото: АП

Нивната мајка Менг Менг ги надгледува и постојано ги враќа назад од места и висини за кои смета дека се опасни по нив.

Ова се први панди кои се родија во Германија, а нивните родители ѝ се позајмени на Берлинската зоолошка градина од Кина. Пандите се познати по тоа што тешко се размножуваат, па раѓањето на близнаци донесе уште поголема радост.