Иако има само 13 години, Теодора Атанасова освои медал на меѓународно натпреварување во уметничко лизгање.
Младата кочанчанка, која живее во Австрија, го оствари тоа на турнирот „Фелдкирх трофи“, што се одржа во Виена, каде што се закити со сребрен медал.
Атанасова почна да покажува значителен напредок откако пред една година почна да работи со прославениот руски тренер Сергеј Громов, кој вели дека во иднина очекува уште подобри резултати од неа.
Ова ќе може да го докаже во наредниот период, кога ја очекуваат настапи на натпревари во Инзбрук (Австрија) и Љубљана (Словенија).
Родителите на Теодора имаат потекло од кочанското село Грдовци и, исто така, се занимавале со спорт: таткото Стојанчо е поранешен фудбалер, додека мајка ѝ Димијана се натпреваруваше во параглајдерство.