ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 НА ПРВИОТ ДЕН БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ден откако Владата укина најголем дел од рестриктивните мерки, вклучувајќи го и полицискиот час, во земјата се регистрирани 25 нови случаи на коронавирус.

  • Уште три лица починаа од последиците на коронавирусот: 41-годишен тетовец, 47-годишен скопјанец и 58-годишен пациент од Струга.
  • КОВИД-19 досега однесе 119 животи во Македонија.
  • Во изминатите 24 часа се направени 622 тестирања, од кои 25 имале позитивен резултат: 14 во Скопје, четири во Штип, по два во Куманово и Тетово и еден во Прилеп, Струга и Велес.
  • Досега се потврдени 2.039 случаи на коронавирус, од кои 450 се активни, а 1.470 лица оздравеле.
  • Во Македонија денеска е првиот ден без полициски час од 22 март.